Ве покануваме да го споделите со нас почетокот на нашето заедничко патување – ден што го започнуваме со љубов и го славиме со најблиските.
За да ни го направите денот уште помагичен, ве замолуваме да изберете облека во некоја од пастелните бои подолу.
Црковното венчавање ќе биде посветено на семејството. Ве очекуваме да ја споделиме радоста заедно на прославата потоа. Скролни надолу за детали за забавата.
Да ја споделиме радоста, да наздравиме за љубовта и да создадеме спомени за паметење.
Се гледаме во 18:00 часот!
Како што сите (многу добро) знаете, веќе подолго време го чекавме нашиот дом, па сега кога дојде време да го започнеме нашето заедничко поглавје и да го уредуваме новиот дом, ве охрабруваме да размислите за домашни работи, кујнски сетови, прибори и сѐ останато што сметате дека би ни било од корист.
За оние кои малку потешко се одлучуваат, паричен подарок или пијалок е секогаш добредојден и не е (воопшто) на одмет.